Земјотрес со јачина од 4,5 степени го погоди Иран во близина на нуклеарна централа, пренесува АФП.

Некои медиуми објавија дека земјотресот бил со јачина од 4,9 степени и дека епицентарот е на 10 километри југоисточно од Боражјан во Иран.

Земјотресот бил почувствуван во текот на ноќта, нo и покрај тоа што е регистриран во близина на нуклеарна централа, засега се наведува дека станува збор за „природна појава“.

Нема дополнителни информации дали некој е повреден или е предизвикана материјална штета, јавуви ИРНА.

Земјотресот е регистриран четири дена по претходниот земјотрес којшто се случи во истиот регион.