Во Европската унија е постигнат договор за ограничување на максималните трошоци за телефонски повици и СМС пораки меѓу земјите-членки.

Европската комисија и националните влади се согласија да ги ограничат цените на телефонските разговори во ЕУ на 19 центи за минута, а текстуалните пораки на шест центи. Договорот беше постигнат денеска, по 12 часа разговори.

Андрус Ансип, потпретседател на Комисијата задолжен за единствениот дигитален пазар, рече дека договорот е од суштинска важност за исполнување на се поголемите потреби на Европјаните за поврзување и за подобрување на конкурентноста на Европа.

– Ние ја поставуваме основата за воведување мрежа од 5Г низ цела Европа – рече Ансип.