Државнoто јавно обвинителство на Еквадор го информираше адвокатот на Џулијан Асанж дека досиејата, компјутерот, мобилните телефони и другите електронски уреди на ко-основачот на „Викиликс“ што ќе бидат запленети на претресот во лондонската амбасада и испратени во САД, пренесува Раша тудеј.

Главниот уредник „Викиликс“, Кристин Храфнсон, неуспешно се обиде да ги врати личните работи на Асанж од еквадорската амбасада во Лондон, каде што Асанж беше затворен скоро седум години, пред неговото апсење и затворање минатиот месец. Сепак, владата на Еквадор, наводно, го одобрила барањето на САД за пристап до документите и до електронските уреди што ги остави уредникот на „Викиликс“ откако беше уапсен на 11 април.

Претресот ќе бидат спроведен од полицијата на 20 мај, објави шпански „Ел паис“, наведувајќи го известувањето испратено до еквадроскиот адвокат на Асанж, Карлос Поведа. САД во моментов градат случај за екстрадиција на Асанж по обвиненија за хакирање.

Балтазар Гарсон, судија од Шпанија кој сега е адвокат на Асанж, ги опиша ваквите одлуки како апсолутно прекршување на правото за азил на Асанж.

– Неразбирливо е како земјата која толку долго му пружаше заштита сега презема таков чекор и ги дава неговите лични документи на земјата која го обвинува. Неговите лични предмети ќе бидат одземени без судски налог и ќе му бидат нарушени правата за политички азил. Ова ја влошува ситуацијата и систематски ги надминува сите можни граници – вели Гарсон.

Аитор Мартинез, адвокат од тимот кој го брани Асанж, вели дека постапките на Еквадор се очигледна и радикална повреда на правото на одбрана, бидејќи запленетите работи кои ќе бидат предадени на САД содржат лични документи како и допишувања и консултирања со неговите адвокати. Станува збор за доверливи материјали кои САД можат да ги употребат за да покренат нови обвиненија за барање на негова екстрадиција.

– Веста за претстојното предавање дојде како гром од ведро небо за одбраната на Асанж. Откако Асанж ја напушти амбасадата, не можеме точно да знаеме што се случува во овие простории. Адвокатите побараа записи од безбеносни камери за периодот по апсењето на Асанж – рече Поведа.

САД имаат рок до 12 јуни да изградат случај за екстрадиција. Минатата недела, Асанж кој отслужува 50-неделна затворска казна во казнената установа со максимално обезбедување, и без право на ослободување со кауција, првпат се соочи со судија за екстрадиција.