Во земјотресот во Турција досега загинаа 44 луѓе, соопшти службата за вонредни ситуации.

Како што пренесе агенцијата Анадолија, службата за вонредни ситуации објавила дека и по најсилниот земјотрес следел уште 833 помали потреси, а 40 биле посилни од 4 степени.

Продолжува потрагата по преживеани во урнатините во егејските области на провинцијата Измир.

Според официјалните податоци, повредени се речиси 900 луѓе. Од болница се пуштени 667 повредени лица, а на лекување се задржани 229 луѓе.

Земјотресот со јачина од речиси седум степени, кој во петокот го потресе егејскиот брег на Турција и грчкиот остров Самос, беше почувствуван се до Атина и Истанбул, а најголема штета е предизвикана во Измир.