Комичарот, кој води во украинската кампања за претседателски изори, Владимир Зеленски вели дека Украина треба да преговара со Русија за ставање крај на конфликтот на исток.

Зеленски рече дека ако победи на изборите, негов приоритет ќе биде спасување животи и додаде дека разговорите се единствениот начин да се стави крај на конфликтот на исток од земјата по руското припојување на Крим во 2014 година.

Тој истакна дека ќе ги охрабри САД и Велика Британија да се приклучат на мировните преговори со посредство на Франција и Германија, но, исто така, истакна дека „нема компромис кога станува збор за украинскиот суверенитет” и дека нема „трговија со територии”.