Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека е подготвен да војува во случај на напад врз Украина од Крим.

Во интервју за украинскиот весник „Фокус“, Зеленски изјавил дека во тој случај за Украина ќе се борат и мажи и жени.

– Тоа е ужасна ситуација, не сакам ни да ја замислам. Јас сум против. Во спротивно ќе има голема војна. Нема да одиме никаде, сите ќе се бориме, а и мажите и жените ќе бидат повикани за воена служба – рече Зеленски.

Како што посочи украинскиот претседател, ситуацијата би била многу тешка за Украинците, додека Русите тоа многу добро го разбираат.