Украинскиот претседател Владимир Зеленски рече дека Владата разгледува неколку можни причини за несреќата со авионот во Иран. Тој во телевизиско обраќање ги повика сите да се воздржат од манипулации, шпекулации, теории на заговор и предвремени заклучоци во врска со несреќата.Тој најави дека ќе разговара со иранскиот претседател за зајакнување на соработката со цел откривање на причините за несреќата.

Во Украина е Ден на жалост поради авионската несреќа во Иран во која загинаа 176 лица од седум држави.

Украинскиот авион на Интернешнел ерлајн се урна вчера по полетувањето од аеродромот во Техеран.