Украинскиот претседател Владимир Зеленски го смени Александар Руснак, шефот на одделот за контраразузнавање на Службата за безбедност и тоа го објави на веб-страницата.

Во указот потпишан од Зеленски не се споменува причината за неговата смена, пренесуваат агенциите.

Руснак ја презеде функцијата шеф за контраразузнавање во септември 2019 година.

Украинската служба за безбедност најави истрага за подготовка на евентуален државен удар планиран од група Украинци и Руси.

– Главната истражна единица на украинската безбедносна служба спроведува предкриминална истрага и можна акција за преземање на власта се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Службата за безбедност на Украина – пишуваат агенциите.

Украинскиот претседател Зеленски минатиот петок изјави дека бил предупреден да се подготви за државен удар на 1 декември.

Зеленски рече дека слушнал аудио снимка на која некои Украинци и Руси зборуваат за планиран државен удар.