Група активисти за легализација на абортусот во Аргентина маршираа пред аргентинскиот национален конгрес во Буенос Аирес откако беше воведено законодавство за декриминализација на абортусот.

Активистите носеа зелените марамчиња кои ги симболизираат напорите за легализирање на абортусот по сопствен избор.

Минатата година беше претставен сличен предлог-законот, кој доби силна поддршка, но беше одбиен од страна на Сенатот на земјата.

-Единственото на што се надевам е дека тие (законодавците) овојпат ќе гласаат добро и со својата совест, дека ќе размислуваат за животите на девојчињата што починале од тајни абортуси во нехумани услови и дека ќе дозволат да се донесе овој закон- изјави една од учесничките на маршот.

Новиот предлог-закон се разликува од минатогодишниот по тоа што содржи нов дел посветен на сексуалното образование и советување за жените.

Тој, исто така, одредува затворски казни помеѓу три месеци и една година за здравствените установи или лекарите кои неоправдано го одложуваат, го блокираат или одбиваат да спроведат абортуси во рамките на законот.

Абортусот во Аргентина во моментов е дозволен само во случаи на силување, или ако здравјето на мајката е изложено на ризик.