Зелениот пасош од денес е задолжителен на сите работни места во Италија. Досега беше задолжителен на сите затворени места, како и во училиштата и за патување, а од денес важи за сите вработени во приватниот и јавниот сектор, како и за оние кои работат од дома.

Обврската за зелен пасош е на сила од денес до 31 декември, што воедно е и датум дефиниран како датум на престанување на вонредната состојба.

Во случај некој од вработените да не дојде на работа, бидејќи нема зелен пасош, ќе се смета за неоправдано отсуство, а вработениот ќе остане без плата, иако не се предвидени дисциплински мерки и лицето не може да биде отпуштено.

Предвидени се казни од 500 до 1.500 евра доколку вработените дојдат на работа без тој документ.

Со воведувањето на зелениот пасош, бројот на дадени први дози на вакцина се зголеми за 46 проценти. Ова се податоци за периодот од 16 септември и 13 октомври. Бројот на тестови, исто така, се зголеми на речиси 300.000 дневно.

За да добијат зелен пасош, Италијанците мора да се вакцинирани со барем една доза вакцина и да примат потоа и втора доза или да прележале коронавирус во последните шест месеци.