Поранешниот државен секретар на САД, Рекс Тилерсон, синоќа остварил тајна средба со водечките луѓе од Комитетот за надворешни работи на Белата куќа

Поранешниот државен секретар на САД, Рекс Тилерсон, синоќа остварил тајна средба со водечките луѓе на Демократската и Републиканската партија од Комитетот за надворешни работи на Белата куќа, за да разговараат за мандатот на Тилерсон во администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, пренесува Си-ен-ен.

На Капитол Хил, Тилерсон се состанал со претставникот од Демократската партија во Комитетот Елиот Енгл и со претставникот од Републиканската партија Мајкл Меккол. Други теми од интерес биле справувањето на администрацијата со Русија и неизвесноста околу улогата на зетот на Трамп, Џаред Кушнер во надворешната политика.

Разговорите траеле околу седум часа, вклучувајќи ги и паузите.

Иако одредени детали од средбата останаа неоткриени, јасно е дека посетата на Тилерсон на Капитол Хил изненади многумина во Вашингтон, вклучувајќи и одредени членови од Комитетот за надворешни работи на Белата куќа.

Тилерсон беше отпуштен во март минатата година и беше заменет со Мајк Помпео, актуелниот државен секретар на Трамп.