Холивудскиот продуцент е прогласен за виновен за силување и сексуален напад, затоа тој е осуден на одлежување на дваесет и три години казна затвор.

Вајнстин се соочуваше со обвинение за сексуално злоставување од голем број на жени, поради тоа тој минатиот месец беше прогласен за виновен од поротата на судот во Њујорк. Откако беше докажан еден случај на силување и еден на сексуално злоставување Вајнстин се соочува со максимална казна од 29 години затвор.

Во процесот на судење Вајнстин тврдеше дека не е виновен за наведените дела. Претходно тој го прекина молкот барајќи милост од судијата, изјавувајќи дека чувствува „каење за ситуацијата“, но и дека е изненаден од развојот на случајот и #MeToo климата во која се одвиваше.

– Илјадници мажи ги губат процесите. Загрижен сум за оваа земј. Мажи се обвинуваат за настани кои никој не ги разбира. Целосно сум збунет. Мислам дека мажите се збунети за овие случаи – вели Вајнстин и додаде дека има убави сеќавања на жените кои ги обвинуваат.

Вајнстин го обвинија за сексуален напад и сексуално злоставување повеќе од 90 жени, меѓу нив и актерките Гвинет Палтроу, Салма Хајек и Ума Турман. Откривањето на овие случаи доведе до појавување на сцена таканаречената  #MeToo кампања кон која се приклучија милиони жени ширум светот.

Во судскиот процес адвокатите на Вајнстин бараа да се ублажи казната поради неговата старост и нарушено здравје. Тиеуште во почеток на судењето напомнаа дека судењето не е фер поради настанатата атмосфера која беше создадена и водена од кампањата #MeToo.

Вајнстин за една недела ќе наполни 68 години, и неговите адвокати велат дека пресудата е всушност доживотна казна за него. Самиот Вајнстин ќе се жали на пресудата, но се соочува со уште една граѓанска тужба за слични дела и во државата Калифорнија.