Решение за косовското прашање, кое подразбира и промена на границите, можно е единствено ако, освен Белград и Приштина, се согласат и ЕУ и СБ на ОН, нагласи денеска известителот на Европскиот парламент за Србија, Дејвид Мекалистер.

Тој на прашање на Танјуг за ставот за можната корекција на границите како дел од решението за косовскот прашање одговори да „во ЕУ се свесни на можноста на размена на територии и промена на границите.“

– Ние како ЕУ сме тука да го олесниме дијалогот, но свесни сме за оваа дебата. Секако, на крајот ваквото решение единствено е можно доколку и двете страни се договорат, доколку е во рамките со политиката на регионалната стабилност, во склад со меѓународното право и доколку се сложат, помеѓу останатите, ЕУ и членките на Советот за безбедност на ОН, изјави Мекалистер.

Тој додаде дека за овој правец престои уште долг пат и укажа на посветеност на претседателите Александар Вучиќ и Хашим Тачи да најдат одржливо решение.

Во дебатата за Србија во Европскиот парламен се вклучи и Тања Фајон која е претставник на социјалдемократите, предупредувајќи го Белград на непроменетата состојба во медиумите, за неприлагодената политика за визна либерализација и можната дестабилизација на регионот во случај на разграничувања како дел од договорот меѓу Белград и Приштина.

Тања Фајон, за време на дебатата за поднесените амандмани на нацрт-извештајот за Србија во Комитетот за надворешна политика на ЕП, ги истакна како важни амадманите кои се однесуваат на слобода на медиумите, состојбата на ромската популација, како и разјаснување на убиството на Оливер Ивановиќ.

– Секоја година повторуваме дека состојбата на полето на медиумите не е подобрена и ние мора да продолжиме да го критикуваме тоа што се случува во медиумите, рече Фајон.

Таа ја предупреди Србија да ако не ја прилагоди својата политика за визна либерализација кон Иран до крајот на октомври, Белград би можел да добие негативен извештај за визната либерализација до крајот на годината.