Американскиот претседател Доналд Трамп ја почна својата посета на Индија со пристигнување во градот Ахмедабад, каде беше пречекан од премиерот Нарендра Моди. На крикет-стадионот, Трамп и Меланија беа поздравени од сто илјади луѓе.

Непосредно пред слетувањето во Индија, на својот Твитер Трамп напиша на хинду јазикот: „Подготвени сме за пристигнување во Индија, за неколку часа ќе се сретнеме со сите“. На што индискиот премиер му одговори: „Гостин е Бог“.

Индија и САД имаат блиски политички и безбедносни врски, а дводневната посета на Трамп треба да премине во јакнење пред сè на економските односи, вклучително и разговори, како заедно да се спротивстават на економското јакнење на Кина.

Премиерот Нарендра Моди ги поздрави Трамп и неговата сопруга Меланија, по излегувањето од претседателскиот авион.

До стадионот за крикет, во градот кој е политички дом на индискиот премиер, голем број граѓани се собраа на улиците за да го поздрават претседателот на САД.
На стадионот многумина носеа бели капи со натпис Доналд Трамп и картонски маски со ликовите на Трамп и Моди.

Многу патишта се затворени во Ахмедабад, продавниците се затворени, а полицијата е стационирана на покривите и терасите.