За главата на американскиот претседател Доналд Трамп се понудени 80 милиони долари за време на погребот на иранскиот генерал Касим Сулејмани, кој беше убиен во американски воздушен напад, пренесуваат иранските медиуми.

Ова го порачал неименуван извор, на погребот на командантот на единицата Кудс, на Иранската револуционерна гарда.

Тој додал дека има 80 милиони Иранци и дека доколку секој одвои по еден долар, би биле собрани 80 милиони долари за оној кој ќе го убие нарачателот на убиството на Сулејмани, пренесува „Дејли Мејл“.

Како што се наведува, тој негов коментар сите присутни бурно го поздравиле, но дека нема податоци дека предлогот е поддржан од иранскиот режим, како што на почетокот тврдеа некои медиуми.