Извештај на Европол за тероризмот во ЕУ

Според документот на европската полиција, пандемијата и економската криза придонеле за поларизација на општеството на европска почва, предизвикувајќи „зголемено прифаќање на заплашувањето, вклучувајќи и повици за насилство и радикализам“

Екстремистите во минатата година се обидоа да ја искористат глобалната пандемија на коронавирусот за да „шират пропаганда на омраза и недоверба во јавните институции“. Ова се наведува во новиот извештај на Европол за тероризмот во Европската Унија, објавен неодамна. Како што стои во документот на европската полиција, пандемијата и економската криза придонеле за поларизација на општеството, предизвикувајќи „зголемено прифаќање на заплашувањето, вклучувајќи и повици за насилство и радикализам“.

Во исто време, најновиот извештај на Европол за тероризмот во ЕУ илустрира дека ризикот од радикализација преку интернет се зголемил во годините на пандемија на ковид-19. „Ова е особено точно за десничарскиот тероризам“, изјави еврокомесарот за внатрешни работи Илва Јохансон.

Европол изброи вкупно 57 „терористички напади извршени, неуспешни или спречени“ во шест земји на ЕУ и 62 „терористички инциденти“ во Британија во 2020 година. Вкупно 21 лице биле убиени во екстремистички напади во минатата година, од кои девет од десничарите во Германија и 12 во шест други џихадистички напади.