Соединетите Американски Држави наскоро ќе бараат од патниците кои доаѓаат во земјата со авион да покажат негативен тест за ковид-19, објавија денеска Центарите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Оваа мерка, чија цел е борба против ширењето на вирусот, доаѓа по рекордното зголемување на бројот на случаи.

Почнувајќи од 26 јануари, пристигнатите патници ќе мора да направат негативен тест за ковид-19 најмногу три дена пред летот за САД, објави ЦДЦ.

Тие ќе го приложат тестот или доказ дека прележале ковид-19. Патниците кои нема да покажат тест ќе бидат вратени од страна на авиокомпанијата.