Среќни сме што рускиот новинар Аркадиј Бабченко е жив, но неговата приказна Украина ја искористи за пропаганда, изјави денеска портпаролката на руското министерство за одбрана, Марија Захарова.

Рускиот новинар Бабченко, за кого се тврдеше дека синоќа бил убиен во Киев, денеска се појави жив и здрав на конференција за новинари во Украина.

Шефот на украинската безбедносна служба Василиј Васил Хритсак рече дека „убиството “ било исценирано со цел да се разоткријат руски агенти и осуетат нивните намери.

– Според информациите на безбедносните служби на Украина, убиството на рускиот новинар Аркадиј Бабчеко го наредиле руските безбедносни агенции – изјави Грицак.