Русија нема да реагира на американските барања да се извршат дополнителни инспекции во врска со хемиското вооружување, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

– Секако, нема да ги задоволиме, па дури ни да реагираме, на нелегитимните ултиматуми од Вашингтон да се организираат дополнителни инспекции во Русија врз основа на овој или оној американски закон, истакна Захарова.

Таа додаде дека таквите барања не се во согласност со Конвенцијата за хемиско вооружување.


Помпео: Русија ги саботира санкциите на ОН за Северна Кореја

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја обвини Русија дека активно работи на саботирање на меѓународните санкции за Северна Кореја.

Тој напомена дека примената на санкциите на ОН е клучна за постигнување на договор за денуклеаризација на Северна Кореја.

Помпео ја даде оваа изјава откако во четвртокот амбасадоторката на САД во ОН Ники Хејли наведе дека Москва сака да прикрие дека Русите ги прекршувале санкциите.