Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова  ги отфрли тврдењата на САД дека Русија го крши Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ).

– Русија строго се придржува до Договорот и американската страна знае за тоа, посочи Захарова.

Претходно, американскиот државен секреатр Мајк Помпео на Русија и постави ултиматум од 60 дена за ИНФ, тврдејќи дека Русија „лаже“ за својата контрола на оружјето.

Помпео наведе дека „повеќе не постои стратешка смисла САД да бидат единствена држава која ќе го почитува ИНФ“.

– Дострелот на ракетите претставува директна закана за Европа, истакна Помпео, алудирајќи на руските крстосувачки ракети ССЦ-8 односно ракетниот систем 9М729.