Случувањата во Венецуела го покажуваат вистински однос на Западот кон меѓународното право, изјави денеска портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

– Случувањата во Венецуела покажуваат многу добро како напредното западно општество навистина го третира меѓународното право, суверенитет и немешање во внатрешните работи на други држави, директно менувајќи ги работите таму – изјави Захарова.

Опозицискиот лидер и претседател на Парламентот Хуан Гуаидо вчера се прогласи себеси за привремен претседател на Венецуела.