Двајца демонстранти се осудени на три месеци затвор, откако биле уапсени за време на протест на „Жолтите елеци“ во францускиот град Пју ан Веле, каде беше запалена зградата на локалната префектура.

Едниот демонстрант е осуден на 12 месеци затвор, од кои девет условно, а другиот на шест месеци затвор, од кои три условно.

Вкупно 12 лица се приведени и ставени во притвор за учество во судири и вандализам во саботата вечер во префектурата на департманот От Лоар.

Протестите на „жолтите елеци“ против зголемување на даноците на горивото се досега најголем предизвик за Владата на претседателот Емануел Макрон.