Маж вооружен со нож нападнал полицајци во полицискиот штаб во Париз, кој се наоѓа спроти Богородичната црква и бил застрелан од полицијата, пренесува локалниот медиум АЦТУ17.

Сторителот потоа бил застрелан од страна на еден од нападнатите полицајци. Мотивите на напаѓачот, кој работел како административен службеник во седиштето на полицијата, сè уште не се познати.

Според најновите информации, во нападот во Париз се убиени четворица полицајци, јави Би-би-си. Првично имаше извештаи дека еден полицаец им подлегнал на повредите.

Париската метро станица „Сите“ е затворена од безбедносни причини, а подигнат е и кордон околу блискиот полициски штаб. Францускиот министер за внатрешни работи Кастанер е на пат кон полицискиот штаб.