Повторно пукање во Франција. Во тек е потера во францускиот град Лион, каде вооружено лице пукаше и повреди грчки православен свештеник пред црква, а потоа избега од местото на настанот, пренесуваат светските медиуми.

Министерството за внатрешни работи на Твитер објави предупредување дека имало инцидент во Лион и дека безбедносните сили се на местото на настанот.

Според некои француски медиуми, свештеникот бил застрелан двапати додека ја затворал црквата и се наоѓа во критична состојба, а напаѓачот е во бегство