Бројот на жртвите во серијата експлозии во цркви и луксузни хотели на Шри Ланка постојано расте. Според најновите податоци загинаа 191 човек, а 560 се повредени.

Засега никој не презел одговорност за нападите. Шефот на полицијата на Шри Ланка, Пујут Џајасундар пред десет дена издаде предупредување за можни бомбашки напади врз цркви.

Странска разузнавачка агенција не извести дека НТЈ (Nationl Thowheeth Jama’ath) планира да изврши самоубиствени напади врз цркви како и врз Амбасадата на Индија во Коломбо, се наведува во соопштението.

НТЈ е радикална исламистичка група од Шри Ланка, која минатата година беше поврзана со оштетување на будистичките споменици.

Министерот за одбрана на Шри Ланка, Руван Виџевардене изјави дека денешната серија експлозии врз хотели и цркви се терористички напад.

Министерот на прес-конференција истакна дека без разлика кој ги извршил нападите, властите нема да дозволат ниту една екстремистичка група да дејствува во земјата.