Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, изјави дека преговорите со САД нема да бидат табу, но без дневен ред тие ќе бидат безначајни за Иран.

Зариф подвлече дека Иран никогаш не ги отфрлил преговорите како политичко средство, но, тие треба да имаат јасна содржина и цели.

Тој рече дека веќе никој нема доверба во САД и тешко е да се претстават преговорите со нив по санкциите изречени против Иран

Министерот изрази своето мислење дека Американците нема да успеат да ја спречат земјата да ја избезува нафтата и дека ќе ги понесат последиците од обидите да го сторат тоа.

Зариф не прецизираше за какви последици станува збор.