Полицијата во Нов Зеланд започна со уништување на полуавтоматско оружје и пушки пред 21 декември, кога стапува на сила законот што забранува поседување на такво оружје, пренесува Би-би-си.

Забраната следува по масакрот во Крајстчрч во март годинава кога маж уби 51 лице во џамија.

Досега се уништени над 50.000 парчиња оружје во центрите во земјата, но некои сопственици на оружје се против решението.

Во Нов Зеланд, на четири лица има едно парче оружје, а полицијата соопшти дека немаат прецизни информации колку точно оружје се наоѓа во приватна сопственост.

Властите на Нов Зеланд на 21 март објавија дека ќе ја воведат забраната како одговор на двојниот напад во џамиите во Крајстчрч.