Европол во акции ширум Европа заплени 24 тони сирови стероиди во прав и затвори девет илегални лаборатории во кои се произведувале стероиди и други илегални супстанци.

Операцијата која е една од најголемите од овој вид, била спроведена во 33 земји, а резултирала со апсења на 234 лица и разбивање на 7 криминални групи, пренесе агенцијата „АП“.

Светската антидопинг агенција учествуваше во операцијата во која бил откриен систем за трговија во кој биле поврзани спортисти, што не се занимаваат професионално со тоа. Тие користеле кредитни картички и крипто валути за купување на мали количини илегални супстанци, од кои поголем дел биле доставувани преку теретани и нерегулирани интернет аптеки.