Обединетите нации (ОН) започна истрага за наводните тврдења дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) испратиле оружје како поддршка за различни воени моќници во Либија, со што се прекршува меѓународното ембарго за тргување, информира „Индепендент“.

Веќе е познато дека ОН веќе подолго време ги истражува наодите нелегални пратки на оружје кои ги примиле и двете страни во долгогодишниот конфликт во Либија.

Меѓутоа, под посебен надзор од страна на меѓународните официјални лица и експертите во Либија се наводните обвинувања дека ОАЕ, кои се сојузници на САД, Британија и Франција, испорачале оружја на либискиот генерал Калифа Хафтар. Испораката на оружје се случила дури и по изјавата и прогласувањето на власта и нејзиниот предводник Фајез ал-Сараџ како терорист од страна на одметнаниот генерал, по што е побарано негово апсење.

– Ги следите сите извештаи за било какви типови на оружја кои доаѓаат во земјата. Навистина сме загрижени поради ваквите наоди и ваква ескалација на настаните не е нешто што ни е потребно – рече Стефани Вилијамс, заменик на шефот на мисијата на ОН во Либија.

Либија, која е земја со огромни резерви на нафта е осакатена од различни воени дејствија уште од 2011 година, кога НАТО го подржа падот на долгогодишниот владетел Муамар Гадафи. Во моментов, постојат две фракции кои се обидуваат да воспостават контрола во земјата, Либиската национална армија (ЛНА) на генералот Калифа Хафтар и моменталната Влада за национална спогодба (ГНА) подржана од ОН, раководена во главниот град Триполи.