Големо невреме синоќа ги зафати централните делови на Полска, во кое загина заменик градоначалникот на Воломина, Роберт Маковски, а 10 луѓе се повредени.

Маковски загинал синоќа кога за време на бурата врз него паднала гранка од едно дрво.

Во невремето се оштетени 300 објекти, а пожарникари интервенирале повеќе од 4.300 пати. Од утринава 74.000 семејства се без електрична енергија.

Големо невреме ја зафати синоќа и австриската покраина Штаерска, при што се повредени повеќе лица.

Поројниот дожд предизвика поплави и огромна материјална штета во австриската покраина Штаерска. Од силниот ветер биле искршени гранки од дрвјата, кои ги блокирале патиштата, предизвикувајќи штета на покривите од повеќе куќи во јужниот дел на покраината.

Во местото Гнас едно дрво паднало врз автомобил со четворица патници. Според полицијата, три лица се повредени и пренесени в болница.