Маж на возраст од педесет години, вооружен со нож, зеде две жени како заложници во трговски центар во 12-тиот округ во Париз, јавуваат француските гласила.

На местото на настанот пристигнале силни полициски екипи кои се обидуваат да ги ослободат приведените жени. Целиот округ околу критичното место е затворен за пристап, а градските власти ги повикале парижаните да не доаѓаат во овој дел од градот.
Според првичните информации, киднаперот ѝ бил познат на полицијата по психичките проблеми и сакал да разговара со францускиот министер за правда, Ерик Дупон Морети.

Морети ги известил специјалците дека им стои на располагање.