Маж вооружен со нож зеде заложници во зградата на поштата во градот Пјеве Модолена, во северниот дел на Италија и бара средба со министрите за внатрешни работи и одбрана.

Напаѓачот идентификуван како Франческо Амато зеде 12 заложници и се закани дека ќе ги убие доколку не му биде овозможена средба со министрите Матео Салвини и Елизабета Трента. Италијанските медиуми јавија дека подоцна Амато ослободил седуммина клиенти и еден вработен во поштата.

Со него во моментов се четворица заложници, а полицијата ја опколи зградата на поштата.

Амато минатата недела беше осуден на 19 години затвор поради вмешеност во организиран криминал.