Заложничка драма е во тек на главната железничка станица во Келн, а според некои информации се слушаат и истрели.

Околу 12:45 часот полицијата добила дојава дека напаѓач зел заложници и се забаракадирал во амбулантата или во ресторан на станицата.

Според полициски информации, напаѓачот има еден заложник.

Полицијата го опколи целото подрачје.