Британскиот премиер Борис Џонсон има намера да го врати договорот за Брегзит во парламентот пред Божиќ, изјави денеска заменикот-министер за финансии Риши Сунак, додавајќи дека владата потоа ќе го претстави и новиот буџет.

– Најважната работа во овој нов мандат е да се заврши брегзит… Ние ќе ја напуштиме Европската унија за неколку недели, до крајот на јануари. Нашата намера е да го донесеме Предлог-законот за повлекување пред парламентот пред Божиќ – рече Сунак за Би-би-си.

Говорејќи за ветувањата на премиерот Џонсон дека владата ќе го зголеми финансирањето за Националната здравствена служба на Велика Британија, Сунак рече дека Британците се согласни оти тоа е приоритет, пренесува „Ројтерс“.