Основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг, веќе е на третото место на најбогати луѓе во светот, според новата листа на „Идексот на милијардери“ на агенцијата „Блумберг“. 

Закерберг го надмина Ворен Бафет, кој досега беше на третото место, откако акциите на „Фејсбук“ се зголемија за 2,4 отсто.  

Првото место на листата на „Идексот на милијардери“ се уште го зазема Џеф Безос, основачот на „Амазон“, а второто Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“.