Во пресрет на претседателството на земјата, француските дипломати изјавија дека сите клучни состаноци на Советот на ЕУ ќе се водат на француски јазик (со преводи на располагање). Белешките и записниците ќе се водат на француски. Дури и подготвителните состаноци ќе бидат спроведени на француски јазик. Ако пристигне писмо од Европската комисија на англиски јазик, тоа ќе остане без одговор. Јас ќе извршам реформи за време на француското претседателство со ЕУ, нагласи Макрон

Париз се подготвува за француското претседателство со Европскиот совет

Владеењето на правото, борбата против корупцијата во ЕУ, потоа слободата на медиумите, но и враќање на демократијата на вистинските европски вредности, ќе бидат вообичаени предизвици за францускиот претседател Емануел Макрон, откако на 1 јануари следната година, Париз ќе го преземе претседателството со Европскиот совет на ЕУ.
Ова, меѓу другото, го најави Макрон измината недела на состанокот на Европскиот комитет на региони (КОР). Како што појасни тој, Франција нема да толерира самоволни политики во Унијата, кои сега некои земји ги применуваат внатре во еврозоната, и дополнително ќе се залага за спречување на шверцерските мрежи во Европа, кои повторно се обидуваат да ја дестабилизираат со илегалното пристигнување на мигрантите од Истокот и од Југот.
– Треба да преземеме неколку чекори, да спречиме изградба на кампови што ќе продолжат да постојат со текот на времето, треба да дејствуваме за да ги разбиеме шверцерските мрежи и да ја засилиме работата со земјите на потекло за да ги спречиме овие појави.
Францускиот лидер призна дека демократијата и владеењето на правото „никогаш не треба да се земат здраво за готово“ и им вети на Европејците дека може да сметаат на решителноста на француската влада дека ќе ги брани кога таа ќе го преземе ротирачкото претседателство со Европскиот совет.
Она што е малку повеќе невообичаено е дека на само неколку недели од преземањето на претседавачкото столче на Франција, француската влада ги разгледува плановите за заживување на намалената употреба и видливост на францускиот јазик во евроинституциите. Па така, изминатиот период, според магазинот, француската влада издвојувала пари за да понуди повеќе часови по француски јазик за државните службеници во ЕУ. Официјалните лица размислуваат за организирање дебати на француски јазик, претставени со кремот на земјата.

Во пресрет на претседателството на земјата, француските дипломати изјавија дека сите клучни состаноци на Советот на ЕУ ќе се водат на француски јазик (со преводи на располагање). Белешките и записниците ќе се водат на француски. Дури и подготвителни состаноци ќе бидат спроведени на француски јазик.
Ако пристигне писмо од Европската комисија на англиски јазик, тоа ќе остане без одговор, пишува „Ле франсе несире“.
Францускиот јазик, се разбира, е официјален јазик на ЕУ (еден од 24) и еден од трите работни јазици на Комисијата за Европа, а Франција го користеше претседателството со ЕУ за промовирање на францускиот јазик и порано.
Но француските власти признаваат дека во 2022 година заживувањето на францускиот јазик е прашање на културен опстанок за сите.
Тие тврдат дека туркањето на француски јазик е начин да се запре наездата на англискиот јазик, кој, според нив, е преполн со новородени ексцентричности во корист на живата повеќејазичност. Но некои дипломати, кои вртат очи на оваа француска иницијатива, велат дека тоа е само илустрација на француската надменост и носталгија за времето кога францускиот беше јазик на дипломатите.