Русија и Иран наскоро би можеле да одржат заеднички вежби на воените морнарици во областа на Ормутскиот Теснец, изјави командантот на иранската морнарица Хосеин Ханзади.

– Очекуваме наскоро да одржиме заедничка руско-иранска вежба во Индиски Океан. Маневрите би можеле да се одржат и во северниот дел на Индиски Океан, вклучувајќи го и Ормутскиот Теснец – додаде Ханзади.

Иранскиот претставник истакна и дека Москва и Техеран разговараат за јакнење на одбранбената соработка во Касписко Езеро.
Ханзади завчера присуствуваше на големата парада на руската воена морнарица во Санкт Петербург.