Владата на Хонгконг и официјално го повлече непопуларниот закон за екстрадиција што беше повод за жестоките неколкумесечни протести, кои потоа прераснаа во кампања за демократски промени во овој полуавтономен кинески регион.

– Формално го објавувам повлекувањето на законот – изјави министерот за безбедност, Џон Ли во градскиот парламент.

„Ројтерс“ оценува дека е мала веројатноста овој владин потег да стави крај на протестите, бидејќи законот е само дел од барањата на демонстрантите.

Тие бараат од лидерката на Хонгконг, Кери Лам, да поднесе оставка и се залагаат за независна истрага за полициската бруталност за време на протестите.