Повеќе од 2.500 деца во Сирија би требало повторно да се соединат со своите семејства во своите татковини, соопшти организацијата „Да ги спасиме децата”.

Според податоците на оваа организација, децата потекнуваат од 30 земји, вклучувајќи ги Германија, Франција, САД и Велика Британија, а се од семејства со вистински или наводни врски со терористичка група Исламска држава (ИД).

Децата во моментов се наоѓаат во три кампови во североисточниот дел на Сирија и немаат пристап до основни здравствени институции, храна и образование.