Пилот загина при уривање на ултралесен авион СП-30 што се случи денеска во јужниот дел на Волгоградскиот регион, соопшти рускиот Истражен комитет.

Инцидентот се случил кусо време после седум часот по локално време во областа Калачевски, додека авионот испуштал вода врз посеви.

Пред да се урне на земјата, авионот прво паднал на дрва.