Една демонстрантка загина, 47 лица беа повредени при денешните протести во Франција против покачувањето на цените на горивото, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

Според податоците на француската полиција, тројца од повредените се во критична состојба.

Демонстрантите ги блокираа патиштата на повеќе места во Франција.

Се спроведува истрага за смртта на демонстрантката, која беше прегазена од жена која ја фатило паника кога се приближила до групата демонстранти и наместо на кочница таа ја притиснала педалата за гас и со автомобилот удрила во жената.

Француските власти не дадоа подетални информации како се повредени останатите 47 лица.