Претседателот на еквадорскиот клуб Барселона, Хозе Франциско Шевалос, соопшти дека во сообраќајна несреќа животот го изгубија 12 навивачи на неговиот тим. Фановите починаа враќајќи се од гостински натпревар во националниот шампионат против Депортиво од Куенка (1:1).

– Конечниот извештај за несреќата што се случи вчера со нашите фанови е 12 загинати и уште 30 повредени – информира Шевалос.

Како што е наведено во локалните медиуми, автобусот со кој се превезувале навивачите успешно го помина последниот технички преглед.

На стадионот на Барселона во Гвајакил планирано е да се формира привремена капела, каде што секој може да оддаде почит на загинатите.