Фото: Маја Јаневска-Илиева

Дневно има околку 11 илјади нови случаи на астма на светско ниво, поради отровниот воздух од сообраќајот, велат истражувачите

Четири милиони деца развиваат астма секоја година како резултат на загадувањето на воздухот од автомобили и камиони на глобално ниво, еднакво на 11 илјади нови случаи дневно, пишува во најнова студија, а пренесува „Гардијан“.

Поголемиот дел од новите случаи се појавуваат на места каде што загадувањето е под лимитот на Светската здравствена организација (СЗО), што сугерира дека загадениот воздух е уште поопасен отколку што се верува.

Штетата врз здравјето на децата не е ограничена на Кина и Индија, каде нивоата на загадувањето се драстично високи. Во британските и австралиските градови, истражувачите како главен предизвикувач на астмата кај три четвртини од децата го гледаат загадувањето од сообраќајот.

Канада ја има третата највисока стапна на нови случаи на асма поврзани со загадувањето на воздухот од сообраќајот, додека Лос Анџелес и Њујорк се во 10-те најпогодени градови од испитаните 125 локации на светот. Децата се особено ранливи на загадениот воздух и нивната изложеност на загадувањето може да предизвика и оштетувања на белите дробови.

Истражувањето, објавено во престижниот журнал „Лансет“ е првата глобална проценка за влијанието на издувните гасови од возилата врз астмата кај децата, базирана на податоци од загадувањето.

– Нашите наоди сугерираат на тоа дека милионите нови сличаи на астмата кај децата може да бидат превенирани доколку се намали загадувањето на воздухот – рече професорката Сузан Аненберг од Универзитетот Џорџ Вашингтон во САД. Важно е да се спомене дека астмата може да предизвика смртоносни напади.

Главниот загадувач, азот диоксидот, најчесто го произведуваат возилата со дизел мотори. Според „Гардијан“, дизел возилата емитуваат многу поголеми количини издувни гасови од дозволеното, дури и по т.н. „Дизелгејт“ скандал.

– Подобрување на пристапот до поеколошки форми на транспорт, како електрични возила, велосипедизам, пешачење и слично, би ги намалило случаите на астма, би ја подобрила физичката подготвеност кај децата, но и кај возрасните и би ги намалиле емисиите на издувни гасови – дополнува Аненберг.

Поради големата населеност и високите нивоа на загадување, Кина (760 илјади), Индија (350 илјади) и САД (240 илјади) се земјите на врвот на листата каде секоја година нови деца добиваат астма секоја година. Научниците велат дека нивните истражувања можеби ги потценуваат вистинските нивоа и овие бројќи може и да бидат повисоки, особено во посиромашните земји каде често астмата може да не се дијагностицира кај децата.