Фото: Игор Бансколиев

Истражување на Европската агенција за животна средина (ЕЕА)

Повеќе од половина од 307.000 предвремени смртни случаи поради загадениот воздух во ЕУ во 2019 година можеа да се избегнат доколку се следеа упатствата за квалитетот на воздухот, дадени од меѓународните институции за следење на загадувањето на воздухот во Европа.
Ова, меѓу другото, го наведува извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), објавен вчера, во кој се посочува дека речиси 180.000 лица на Стариот Континент пред две години умреле како резултат на токсичниот воздух во градовите. Во извештајот исто така стои дека квалитетот на воздухот константно низ годините опаѓа во државите низ ЕУ, а количествата штетни ПМ-честички и јаглеродот диоксид варираат во воздухот во однос на периодот од годината.