Шведска официјално ја прекина истрагата за нерешено убиство на поранешниот премиер Улоф Палме, кој беше убиен пред 34 години во центарот на Стокхолм.

Јавниот обвинител кој го водеше случајот, Кристер Петерсон, изјави дека истрагата е прекината затоа што главниот осомничен, Стиг Енгстром, починал во 2000 година. Палме беше убиен на 28 февруари 1986 година, кога тој и неговата сопруга Лизбет излегувале од кино.

Петерсон рече дека Енстром е познат по тоа што јавно се спротивставил на политиката на Палме, и тој бил на местото на убиството и веднаш бил квалификуван како можен осомничен.

– Со оглед на тоа дека тој повеќе не е жив, не можам да го обвинам – рече Петерсон на прес-конференција.

Описот на убиецот даден од очевидци одговараше на Енгстром, иако имаше и такви кои тврдеа дека тој не бил на местото за време на убиството. На крајот, полицијата оцени дека тој не е од интерес за истрагата.

Лисбет Палме подоцна го идентификуваше алкохоличарот и зависник од дрога Кристер Петерсон како убиец и тој беше прогласен за виновен и осуден. Таа пресуда подоцна беше поништена, бидејќи полицијата не успеа да обезбеди докази против него, па истрагата продолжи, а Петерсон почина во 2004 година. За време на истрагата, имало повеќе од 100 осомничени, а истрагата се проширила во повеќе насоки.