Градежните работници на југот на Тексас, на границата со Мексико, започнаа со поставување арматура за ѕидот на чија изградба инсистираше американскиот претседател Доналд Трамп.

Членовите на граничната патрола изјавија за медиумите дека работниците поставиле челична арматура јужно од Дона, мал град во долината Рио Гранде.

Откако ќе биде поставено засилувањето, ќе се подигне постават бетонски блокови од пет и пол метри, а пред ѕидот ќе има 45 метри бришан простор, од кој ќе биде отстранета целата вегетација.

Организациите за животна средина велат дека бетонскиот ѕид ќе ги уништи живеалиштата на некои животни и исто така се бара и експропријација на земјиштето од стотици луѓе во јужен Тексас. Граничната патрола, од друга страна, тврди дека ѕидот во голема мерка ќе спречи шверц на дрога и луѓе од Мексико.