Суд во Берлин денеска донесе одлука со која германскиот главен град треба да воведе забрана за управување на некои улици за стари дизел возила чија емисија на штетни гасови е над дозволеното.

Забраната се однесува за дизел возила што имаат Еуро 5 или постари. Најновиот построг стандард е Еуро 6.

Судската постапка е покрената од Здружение за заштита на околината ДУХ, кое бара забрана на возила на дизел со Еуро 4 до крајот на 2018 година, односно за Еуро 5 до септември 2019 година.