Американските компании лесно ја заобиколуваат забраната за соработка со кинескиот телекомуникациски гинант „Хуавеи“ на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Според пишувањата на „Њујорк тајмс“, американските произведувачи продолжуваат да извезуваат процесори за кинеската компанија, која во моментов се наоѓа на американската „црна листа“ веќе еден месец. Меѓу овие компании се и „Интел“ и „Микрон технолоџи“

Американските произведувачи на технолошки компоненти и чипови пронајдоа „дупка во законот“ која им овозможува да ја игнорираат забраната на американската влада за соработка со кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеи“.

Станува збор за производите кои фирмите ги произведуваат надвор од територијата на САД и на кои не се однесува правната забрана од администрацијата на Трамп, сметаат експертите. На тој начин, „Хуавеи“ може да продолжи со набавка на високотехнолошките компоненти, без разлика на санкциите.

На ова треба да се додаде дека засега на сила е непосредба забрана на Вашигтон само за испораки на делови за идните модели на „Хуавеи“, а за оние кои веќе се претставени на пазарот овие забрани се одложени до август.

Истовремено, американските проиводувачи на високотехнолошка опрема настојуваат да го уверат Вашингтон во неопходноста на намалување на санкциите против „Хуавеи“, поради стравот за големи загуби. Во 2018 година, „Хуавеи“ потроши 70 милијарди долари за купување на компоненти и делови за паметни телефони, од кои една седмина се доставуваат директно од САД.

Како најголеми лобисти за интересите на „Хуавеи“ се појавуваат американските компании „Интел“, „Куалком“ и „Кслинкс“.