Водени топови за оние кои не ја почитуваат забраната за протести во Париз, во знак н

Протести во знак за поддршка на Палестинците во Појасот Газа се одржуваат денеска во десетина француски градови, но фокусот е на Париз, објавуваат светските агенции.

Според нивните написи, таму е ангажирана полиција за спречување на немирите, бидејќи протестот беше забранет, но организаторите најавија дека нема да ја почитуваат таквата наредба.

Организаторите велат дека имаат намера да ја осудат последната израелска агресија и да го одбележат Денот на Накба (катастрофа), кој го одбележува споменот на 700.000 луѓе кои избегале или биле протерани од своите домови во денешен Израел за време на војната во 1948 година, после која е создадена оваа земја, анализираат медиумите.

Полицијата соопшти дека водени топови ќе се користат против оние кои и пркосат на забраната во Париз.

Протести беа дозволени во голем број други градови, вклучувајќи ги Лил на север и Марсеј на Медитеранот.

По ескалацијата на смртоносните ракетни напади меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Газа, француските власти се во состојба на готовност, стравувајќи дека судирот може да се случи и во Франција, во вид на насилни протести, наведуваат агенциите.