Четири жени и еден маж на возраст меѓу 52 и 78 години загинаа во напад на 13 октомври во Конгсберг, град околу 70 километри западно од Осло.

Тројца беа повредени, вклучувајќи и полицаец кој не бил на должност, а бил погоден со лак и стела во раната фаза на нападот, кој траел 35 минути.

Изгледа дека напаѓачот потоа го отфрлил ова оружје, велат истражителите. Полициски инспектор изјави дека жртвите се избодени, но одби да соопшти дали станува збор за нож или поголемо оружје.
„Некои од луѓето се убиени во своите домови, други јавно“, изјави Томас Омхолт на прес-конференција.

Минатата среда полицијата соопшти дека вооружен човек со лак и стрела ги убил луѓето, а подоцна додаде дека во прашање било и друго оружје.

Инспекторот не објасни зошто им биле потребни 6 дена за да разјаснат кое оружје е користено. За виновен за убиствата се смета 37-гoдишниот Еспен Андерсен Братен, кој сега е сместен во затворена психијатриска болница.